Поради почеста појава на пожари вo периодов, во околината на Општина Свети Николе,

Дирекцијата за заштита и спасување упатува апел до сите граѓани на Р. Северна Македонија:
– да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места;
– да не се палат стрништа, земјоделски и други површини;
– да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал;
– да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку забележат пожар на отворен простор граѓанска должност на секој граѓанин е најбрзо што може да го пријави во надлежните институции. Од брзината на јавувањето, содржината и точноста на информации зависи и исходот, односно успехот на акцијата за гасење на пожарот.