Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој   на Република Македонија, со обезбедени финасиски средства во висина од над 11 ипол милиони денари, реализира неколку проекти во Свети Николе. Денеска започна асфалтирањето на патот во должина од околу 800 метри до Хидро акумулацијата „Мавровица“ каде во иднина е предвидено локација за туристичка населба како и содржини за спорт и рекреација. Се очекува деновиве да започне асфалтирањето на патот до археолошкиот локалитет „Била зора“ кај село Кнежје во должина од околу 1000 метри. Патиштата се со широчина до 3,5 метри со банкини по 1 метар.

На почетокот на работите на патот денеска присуствуваа и заменик Министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски и делегација од локалната самоуправа на општина Свети Николе предводена од градоначалникот Зоран Тасев.

pat (1) pat (3) pat (2)