Авионско прскање против комарци

Локалната самоуправа на Општина Свети Николе, во рамките на годишната  програмата  за уништување на комарците, во соработка со компанијата „Бони-ер“, денеска изврши  авионско третирање против комарци и други штетни инсекти  на територијата на општината. Ова е трето  прскање  со еколошки препарати кои  не се штетни за околината, а  ги уништуваат леглата на комарците, истакна градоначалникот Сашо Велковски.  Соработката околу заштитата на пчелите, се одвива  беспрекорно со здруженијата и индивидуалните пчелари  и досега  навремано се преземени сите активности  за да не дојде до несакани последици за пчелните заедници.

prskanje

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora