Подолг период селските населби беа отсечени од Свети Николе, бидејќи автобуските превозници немаа економска исплатливост за одржување на редовните линии. Градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев согледувајќи ја потребата и барањата на илјадници жители од сите населени места во општината, деновиве го реализира проектот за превоз на граѓаните од селските населби до општинскиот центар. Имено, обезбеден е автобуски превоз од поголемиот број населени места од сите правци на општината. Автобусот од селата тргнува во 7 часот наутро и се враќа во 13 часот од Свети Николе. Корисниците на оваа услуга засега се задоволни и ја поздравуваат реализацијата на оваа идеја на градоначалникот Тасев.

avt_prevoz (1) avt_prevoz (2)