Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, започна голема акција за чистење на влезовите на градот Свети Николе. Сите канали и банкини покрај патот на влезот од Железничката станица Овчеполе во Свети Николе, кај конфекцијата „Каса Мода“, кои беа исполнети со наноси на земја, смет и растенија се чистат со механизација. При поголеми врнежи на дожд, на овој дел од коловозот се создаваа големи локви на вода и претставуваа проблем за како за возачите и така и за нормалното одвивање на сообраќајот. Активностите за чистење на влезовите и сообраќајниците од патните правци кои водат од Куманово, Штип и Велес во Свети Николе ќе продолжи и во наредниот период.
Скорешни написи
- Донесен Буџетот на општина Свети Николе за 2021
- 62-ра Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Обраќање на Градоначалникот на Општина Свети Николе
- Доделување на награди и признанија
- 61-ва Седница на Советот на Општина Свети Николе
Кој е онлајн?
Во моментот: 3 посетители
Чистење на влезовите на градот