Делегација од Шведска во посета на Свети Николе

Видан Насов, по татко од Свети Николе, кој повеќе од 20 години живее и работи во Шведска, деновиве престојува во градот на неговиот родител. Предводејќи делегација од двајца ученици од основно училиште и некогашен хокеар од градот Еншелцвик беа примени од градоначалникот на општината Сашо Велковски. Секоја година, Видан Насков, кој работи како наставник по физичка култура во основно училиште, донира комплетна опрема од дресови до топки на спортските екипи во Свети Николе. Како што истакнува тоа го прави од љубов кон спортот, со цел младите масовно да бидат вклучени во физичките активности. Покрај тоа, учениците од Шведска, секоја година собираат средства кои ги донираат за разни проекти во неразвиените земји. Неколку години наназад, дел од собраните средства ги наменија за уредување на младинскиот дом на извидничкиот одред „Гоце Делчев“ како и за санирање на извидничкиот дом во село Орел. Деветнаесет години по ред Видан ги опремува спотските клубови од Свети Николе, така оваа година опремата беше наменета за женскиот ракометен клуб и екипата за мал фудбал. Како што вели овој проект ќе го продолжи и понатаму се додека постојат услови за тоа. Инаку, за неговата хуманитарна работа и за развојот на спортот во Свети Николе, добитник е на највисокото општинско признание наградата „Свети Николај“.DSCN0690 DSCN0705 DSCN0710 DSCN0715 DSCN0721 DSCN0725 DSCN0728

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora