Донесен Буџетот на општина Свети Николе за 2021

На последната 62 седница од 2020 година на Советот на општина Свети Николе, се донесе буџетот на општината за 2021 година.Согласно програмите во 2021 година се планирани низа проекти  кои ќе се реализираат во  општината и тоа  :
✅Започнување со изградба на затворен градски базен во Свети Николе -прва фазa

 ✅Изградба на нова детска градинка во село Ерџелија со капацитет од 50-60 деца  обезбедени од страна на МТСП

✅Изградба на атмосферска канализација на ул. 9-ти мај 

 ✅Јавен локален превоз за патници од руралните средини

 ✅Асфалтирање на патниот правец с.Кнежје – с.Ѓузумеци општина Лозово

✅Изградба на водоводна и канализациона мрежа на улица Васка Циклева

✅Изградба на канализациона мрежа позади Здравниот дом на дел од улиците Живко Чинго, Јуриј Гагарин, Миле Поп Јорданов, Ѓорче Петров, Пере Тошев и Никола ЈОнков Вапцаров.

✅Изградба на фекална канализација во населба Рудине 2

✅Изградба на фекална канализација во с.Пеширово 

✅Реновирање на улиците во градот и тоа Јанко Глигоров, Октомвриска, Гоце Делчев –дел, Кочо Рацин дел, Кумановска , влез на с.Горобинци и други

✅Изградба на улици Рајко Жинзифов и Миле Поп Јорданов со соседните краци

 ✅За изградба на улиците Гаврило Гаврилски и Михајло Апостолски , како и за улиците 1,2,3,,4,5  во Лозов расадник и улицата во инд.зона Мало стопанство очекуваме позитивен одговор од Мин за транспорт и врски по основ на одобрените 830,000 евра од Светска банка за општина Свети Николе. 

✅Поднесени се проектна документација за изградба на фекални канализации до ЕУ за с.Кадрифаково, Мустафино, Преот, Сопот и Кнежје. Очекуваме наредниот месец повратни информации . Се надевам дека овие проекти ќе можеме да ги реализираме  годинава со парични средства од ЕУ.

✅Со донесување на урб.план кај с.Амзабегово, се отвараат вратите за вложување во зелена енергија и производство на 25мв елек енергија од фотоволтаици. Со дополнителните 36мв од ветерниците , чие инсталирање би требало да се случи наредната година, Свети Николе ќе биде прва општина во државата каде се произведува најголема количина на т.н. зелена енергија.
Во однос на инвестиции во противпожарната заштита за наредната година се предвидени следните инвестиции

✅Изградба на нова противпожарна станица , со донирани средства од Америчка амбасада . Ова ќе биде прва противпожарна станица во југозападна Европа  по сите меѓународни стандарди за квалитет. 

✅Набавка на противпожарно возило преку учество и соработка со Флориан фондацијата од Велика Британија 

✅Набавка на лесно возило за потребите на ТППЕ Свети Николе.

✅Набавка на противпожарно возило по основ на донација од општина Пуцонци Р.Словенија 
Во 2021 година на полето на културата се предвидени и културни настани кои ќе бидат финансирани од буџетот и тоа:

✅Културен настан Моторијада 2021 година

✅Светиниколска културна есен

 ✅Вајт фридом фестивал на градскиот плоштад за 14 септември, како и шоуто за деца ѕвездички.Голем дел од активностите ќе ги реализираме во климатизираната голема сала во Домот на култура Крсте Мисирков .
Во програмата за социјална заштита :

✅Еднократна парична помош на жртви за семејно насилство, самохрани родители, еднократна парична помош за социјално загрозени лица и сл.

✅Реконструкција на тоалетите во градинката во Клон2 , купување на нова опрема од маси и столови за дечињата и нагледни средства и играчки.  Во областа на образованието предвидено е:

✅Набавка на 50 таблети за ученици кои не можат да следат настава он-лајн 

✅Во ООУ Кирил и Методиј  во 2021 година ќе реализираме комплетен проект за медиотека на учениците од тоа училиште со финансиски средства обезбедени од донации. Од истото училиште до МОН е доставен проект за замена на електричната инсталација во училиштето, деновиве очекуваме позитивен одговор за прифаќање и реализација на овој проект.

✅Во СОУ Кочо Рацин е предвидено замена на кровот на гимназијата и проект за фасада на училиштето, проект доставен до МОН. Во истото училиште за годинава согласно доставените податоци од МОН , ќе се реализира и проектот за реконструкција на интернатот во склоп на училиштето со парични средства обезбедени од МОН.

✅Во ООУ Гоце Делчев во с. Горобинци до МОН е доставн проект за замена на прозорите , поставуавње на фасада и инсталирање на парно греење во истото.
Во делот на Спорт и млади:

✅Отварање на Младински културен цента

✅Турнири во мал фудбал

✅Турнир во баскет 3х3

✅Изградба на куќа на спортот со соблекувални за фудбалерите

✅Санација на трибините на градскиот стадион, заградување на истиот и поставување на столчиња за седење на трибините. 
Со реализацијата на овие проекти ќе го подобриме квалитетот на живеење на нашите сограѓани на солидно ниво.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora