ЕЛИМИНИРАНА ОПАСНОСТА ОД ПОПЛАВИ

Чистењето на речните корита во должина од над 3 ипол километри во општина Свети Николе се покажа како пресуден фактор во борбата против водената стихија. Имено, минатата година во месец февруари, по обилните врнежи од дожд, се случија најголемите поплави кои зафатија над 140 куќи и стопански објекти во населбата „Ливади“. Штетите што ги предизвика надојдената вода на реките Мавровица и Периш, беа повод Локалната самоуправа на општина Свети Николе да превземе мерки за чистење на речните корита. Годинава во месец Април измерени се рекордни 145 литри дожд на метар квадратен, што претставува десет пати поголемо количество на врнежи од вообичаениот просек во овчеполието. Исчистените речни корита се покажаа како вистински потег што го направивме, истакна градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев, при посетата на населбата Ливади. Жителите, на оваа населба не треба да стравуваат за своите животи и за имотот, бидејќи високиот водостој на реките кои е регистриран деновиве не е закана за нив. Коритата на реките се проектирани и обработени така да можат да апсорбираат многу поголеми количини на вода без посериозни последици. И понатаму ќе работиме на овој проблем и во останатите населени места каде има потреба од вакви зафати. Со чистењето на речното корито на Буриловска река во село Мустафино, спречено е излевање на водата и поплавување на повеќе семејни куќи. Состојбите постојано се следат и доколку се јави проблем ќе се активира Општинскиот кризен штаб.
reka 3

reka 2

reka 1

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora