Градоначалникот;

 

  • Ја претставува и застапува општината
  • Ја контролира законитоста на прописите на советот
  • Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
  • Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот,
  • Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
  • Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
  • Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
  • Го извршува буџетот на општината;
  • Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
  • Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
  • Решава во управни работи за права, обврски и интереси иа правни и физички лица, во согласност со закон;
  • Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;
  • Раководи со општинската администрација;
  • Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон.
  • Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот 
  • Врши други работи утврдени со закон и со статутот.

 

Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.