Ѓуришка ликовна колонија

15 сликари од Бугарија, Србија и Македонија зедоа учество на 13-та ликовна колонија „Ѓуриште 2018“ која изминативе пет дена се одржа во Свети Николе во организација на Домот на културата „Крсте П. Мисирков“, под покровителство на локалната самоуправа на општина Свети Николе и градоначалникот Сашо Велковски. Ликовните уметници своите творби ги работеа во разни техники, на неколку локации во светиниколско, меѓу кои и во манастирот Ѓуриште, по слободен избор на кој доминираа портрети, апстакции, стара архитектура и пејзажи. Според изјавите на учесниците на ликовната колонија „Ѓуриште 2018“ организацијата на колонијата е беспрекорна, а секој сликар изработи по две дела кои остануваат во тајна сопственост на организаторот. Изложбата на делата создадени на оваа колонија ќе биде отворена во почетокот на месец септември во изложбениот салон на Домот на културата.DSC_3988 DSC_3995 DSC_3997 DSC_4014 DSC_4028 DSC_4039 DSC_4062 DSC_4066 DSC_4079 DSC_4089 DSC_4104 DSC_4109 DSC_4132 DSC_4133 DSC_4160 DSC_4165

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora