Средни училишта

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КОЧО РАЦИН“ СВЕТИ НИКОЛЕ

Историјат на училиштето

             Училиштето со решение бр. 01-3296 од 12.09.1961 година на Одборот на Собранието на Општина Свети Николе е основано како гимназија. Во наредните 20 години во градот функционираат две средни училишта стручно и гимназиско.Во 1981 година претрпува измени се формира центар во кој влегува гиманзиското образование заедно со училиштето за квалификувани работници во земјоделието. Името на училиштето е изменето во УЦСНО „Јосип Броз Тито“. Сегашното име на училиштето  е добиено 1993 година.

            Пререгистрацијата во назив Средно општинско училиште „Кочо Рацин“ е извршена во Централниот регистар по решение 1-77-0 Срг 44/06 од 13.03.2006 година.

Просторни услови за работа на училиштето

            Воспитно-образовната работа на училиштето се одвива во две училишни згради во кој за загревање има инсталирано парно на нафта..

Во училишната зграда со седиште на ул. „Кочо Рацин“ бр. 24 се одржува настава за паралелите од гимназиско образование. Оваа зграда располага со 11 училници, 5 кабинети, 3 помошно простории за кабинети, 1 просторија за библиотека, 1 наставничка канцеларија и 7 канцеларии за административно работење. Училниците и кабинетите се опремени со доволен број на клупи и столчиња според бројот на учениците во паралелките. Зградата е со приземје и два ката.

Во дворот на училиштето има асфалтирани спортски терени за ракомет, кошарка и одбојка. За реализација на наставата по спорт и спортски активности, покрај спортските терени, училиштето ја користи спортска сала Цар Самоил, која е во непосредна близина на училиштето.

Во училишната зграда со седиште на ул „Маршал Тито“ бр.21 се одржава настава за паралеките од стручното образование од земјоделско-ветеринарната, машинската и хемиско-технолошката струка. Оваа зграда располага со 16 училници, 3 кабинети, 1 сала прилагодена за спортски активности, 1 просторија за библиотека, 1 наставничка канцеларија, 1 канцеларија за помошен директор, 1 канцеларија за стручна служба и 1 помошна просторија за спортски активности.Во подрумскиот дел на оваа зграда се сместени 3 работилници, 1 магацин и 1 просторија која е адаптирана за потребите на проектот аквапонија.

Во дворот на училиштето има спортски терен, игралиште за ракомет.

Во оваа зграда е стациониран Ученичкиот дом „Кочо Рацин“ кој работи во состав на училиштето. На ден 08.04.1982 година е дадена согласност од страна на Собранието на општина-Свети Николе за отварање на ученички дом при центарот за насочено образование„Јосип Броз Тито“ Свети Николе. Ученичкиот дом кој работи во состав на училиштето има 24 спални соби и капацитет за сместување на 106 ученици и за загревање е инсталирано парно на нафта.

Во учебната 2022/2023 година во ученичкиот дом се сместени 9 ученици. Домот е опремен со комплетна опрема за сместување, престој и исхрана на учениците.Во 2021 година ученичкиот дом кој работи во состав на училиштето е комплетно реновиран.

Во СОУ „Кочо Рацин“Свети Николе учениците имаат можност да се стекнат со образование на следниве струки и профили:

Гимназиско образование

  • реформирано гимназиско образование-четиригодишно траење
  • природно-математичко подрачје А и Б комбинација
  • опшествено-хуманистичко подрачје А и Б комбинација
  • јазично-уметничко подрачје А и Б комбинација

Поради реформи во средното стручно образование во Земјоделска ветеринарана струка/сектор земјоделство, рибарство и ветеринаство во учебната 2022/2023 година ќе ги има следните профили:

  • агротехничар- четиригодишно траење
  • техничар за агроменаџмент-четиригодишно траење
  • техничар за фитомедицина-четиригодишно траење
  • техничар по ветеринарна медицина-четиригодишно траење

Поради реформи во средното стручно образование во Машинска струка во учебната 2022/2023 година ќе го има следниот профил:

  • машински техничар за моторни возила-четиригодишно траење

Поради реформи во средното стручно образование Хемиско-технолошка струка во прва и втора година во учебната 2022/2023 година ќе го има следниот профил:

  • прехрамбен техничар-четиригодишно траење

Во гимназиското образование во учебната 2022/2023 година има 183 ученици во 12 паралелки по три паралелки во секоја година (прва, втора, трета и четврта година). Во стручното образование во учебната 2022/2023 година  има 166 ученика во 16 паралелки и тоа: четири паралелки во прва година, четири паралелки во втора година, пет паралелки во трета година и три паралелки во четврта година. Во учебната 2022/2023 година има вкупно 349 ученици. Наставата во училиштето се одвива на македонски јазик.

Во училиштето во учебната 2022/2023 година има вкупно вработени 76 лица и тоа:

1 (еден) Директор

2 (два) Помошни директора за настава (помошник директор за настава за гимназиско образование и помошен директор за настава за стручно образование)

49 (четириесет и девет) предметни наставници

5 (пет) стручни соработници и тоа: еден педагог, еден психолог, два библиотекари и еден  социолог

4 (четири) административни службеници и тоа: секретар, благајник, технички секретар и сметководител

14 (четиринаесет) лица помошно-технички персонал ( 8 хигеничари, 2 хаус-мајстори, 1 економ-домакин, 1 чувар, 1 возач и 1 ракувач на парни котли-парноложач)

1 (еден) воспитувач во ученичкиот дом

контакт податоци на училиштето:

адреса: ул. „Кочо Рацин“ бр.24, 2220 Свети Николе

тел: 032 440 955; 032 443 631

е-пошта: kocoracinsvnikole@gmail.com, SOUkoco.racin.svnikole@gmail.com

директор Жаклина Милошева

тел: 070 264 464

е-пошта: bomimak@yahoo.com

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora