Според пописот од 1994 година општината имала вкупно 18528 жители, од нив најголемиот број живеат во градот или 13292. а на селското население паѓаат 5236 жители.
Споредбено со пописот на население, домаќинства и станови во РМ од 2002 година, вкупната популација во Општина Свети Николе изнесува 18497, во градот живеат 13746 жители и во селските средини 4751 жител. Иако растот на бројот на население на територијата на општина Свети Николе е мал, покрај објективните социо-економски услови задоволува фактот дека одредено ниво на одржување на прираст се одржува и се очекува негово благо зголемување.
Според последниот попис евидентирани се 5698 домаќинства и 7157 станови на територијата на општина Свети Николе.
Според пописот од 2002 година вкупното население во општина Свети Николе од 18497 жители е населено во 34 населени места. Следниве податоци ги отсликуваат демографските карактеристики за Општина Свети Николе, добиени од Пописот 2002 година.
Некои показатели за обемот, динамиката и компонентите на вкупниот пораст на населението и густината на населеноста, Попис 1994 и 2002 година
Вкупно население – Општина Свети Николе
(со населените места кои влегуваат во состав на општината)
Споредбени податоци за бројот на население од Пописот во 1994 и 2002 година
Оштина Свети Николе | Попис, 1994 год. | Попис, 2002 год. |
Вкупно | 18528 | 18497 |
Град Свети Николе | 13292 | 13746 |
Алакинце | 13 | 5 |
Амзабегово | 557 | 543 |
Арбасанци | 4 | 1 |
Богословец | 2 | 4 |
Буриловци | 13 | 14 |
Горно Ѓуѓанце | 11 | 3 |
Горно Црнилиште | 358 | 345 |
Горобинци | 890 | 820 |
Делисинци | 1 | 9 |
Долно Ѓуѓанце | 219 | 174 |
Долно Црнилиште | 120 | 114 |
Ерџелија | 1047 | 1012 |
Кадрифаково | 180 | 163 |
Кнежје | 71 | 86 |
Крушица | 31 | 22 |
Макреш | 2 | / |
Малино | 68 | 45 |
Мечкуевци | 18 | 15 |
Мустафино | 564 | 517 |
Немањица | 282 | 201 |
Нова Мездра | / | / |
Орел | 63 | 45 |
Павлешенци | 122 | 77 |
Патетино | 6 | 6 |
Пеширово | 244 | 247 |
Преод | 40 | 44 |
Ранчинци | 67 | 38 |
Сопот | 102 | 89 |
Стануловци | 4 | 2 |
Стањевци | 82 | 61 |
Стара Мездра | / | / |
Строиманци | 3 | 8 |
Трстеник | 52 | 41 |
Според направената прогноза на движењето на населението на градот и селските населби во општината до 2010 година се очекува градот да има 14717, а селските населби 4031 жител. Се предвидува населението во градот во периодот 1994 и 2010 година да расте со 0.67% во просек годишно или за период од 16 години да се зголеми за 1425 жители, а населението во селските населби да се намаува со 1.44% годишно.
Некои показатели за обемот, динамиката и компонентите на вкупниот пораст на населението и густината на населеноста,
Попис 1994 и 2002 година
ОпштинаРегион | Вкупно население | Промена (пораст) на населението | ||
1994 | 2002 | Број | % | |
1994 – 2002 | 1994 – 2002 | |||
Свети Николе | 18528 | 18497 | -31 | -0.17 |
Источен регион | 201525 | 203213 | 1688 | 0.84 |
Македонија | 1945932 | 2022547 | 76615 | 3.94 |
Вкупно, градско и останато население , Попис 1994 година
ОпштинаРегион | Вкупно население | Градско население | Останато население | Учество на градското во вкупното население |
Свети Николе | 21444 | 13292 | 8152 | 62.0 |
Источен регион | 201525 | 121896 | 79629 | 60.5 |
Македонија | 1945932 | 1163598 | 782334 | 59.8 |