Локална економија

 

Локална економија

 

 

Во општина Свети Николе најразвиени стопански дејности се: прехрамбената индустрија, текстилната индустрија, трговската дејност, услужната дејност, земјоделството и сточарството.

 

Бројот на активните деловни субјекти во општина Свети Николе варира во различни периоди. Состојбата на 31.12.2013 година е следнава:

 

Вкупно Микро Мали Средни Големи
853 702 144 7 /

 

таб. бр. 6. Број на активни деловни субјекти во општина Свети Николе според големина,

 

состојба 31 декември 2013 година

 

 

 

Состојбата на активни деловни субјекти по сектори на дејност

 

Земјоделство, шумарство и рибарство 387
Преработувачка индустрија 64
Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад; санација на околината 3
Градежништво 25
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 191
Транспорт и складирање 37
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 23
Информации и комуникации 5
Дејности во врска со недвижен имот 1
Стручни, научни и технички дејности 46
Административни и помошни услужни дејности 4
Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување 3
Образование 13
Дејности на здравствена и социјална заштита 22
Уметност, забава и рекреација 7
Други услужни дејности 22
ВКУПНО 853

 

таб. бр. 7. Преглед на активни деловни субјети во општина Свети Николе по сектори на дејност според НКД Рев.1, состојба 31 декември 2015 (Извор: Национална класификација на дејности – НКД Рев.1 усогласена со Европската класификацијана дејности – NACE Rev.1.1, ДЗС)

 

 

 

Во општината постојат мал број на извозно ориентирани претпријатија бидејќи претежно се работи за индиректен извоз т.е. лон систем на производство. Категоријата на извозно ориентирани претпријатија ја претставуваат истовремено најуспешните фирми во општината:

 

 

 

Ø   Прехрамбена индустрија

 

–          MИК Свети Николе – компанија со најдолга традиција во месната индустрија во Р.Македонија;

 

–          Лион д.о.о. – производство на кондиторски производи;

 

–          ШИТКАРСКИ 02 д.о.о.е.л. – производство на леб, бели печива и кондиторски производи;

 

–          Алгомак – производство на леб, бели печива;

 

–          Коки Лукс – производство и трговија со брашно;

 

–          ТД Андонов д.о.о.е.л. – увоз и продажба на адитиви, репроматеријали за прехранбената индустрија, машини за месопреработувачка индустрија ;

 

Ø   Градежна индустрија

 

–           Бим АД – производство на битуменски и изолациони производи за градежништво;

 

–           Фантастико – изработка на ПВЦ прозорци и врати;

 

Ø   Текстилна индустрија

 

–           Мода АД.

 

 

 

Структура и број на занаетчии по област на делување

 

 

 

 

 

Опис на дејноста Број на занаетчии
Калајџиско – казанџиска дејност 5
Бојаџиска дејност 1
Каменорежач 1
Изработка на металски работи 2
Столар 5
Бербер 2
Фризер 10
Производство на накит 1
Производство на мебел 3
Одржување и поправка на моторни возила 4
Автоперална 2
Преработка на млеко 1
Поправка на електрична опрема 2
Вкупно 39

 

 

 

таб. бр. 8. Преглед на структура и број на занаетчии по област на делување

 

 

 

 

 

 

 

Општина Свети Николе располага со буџетски приходи од ставка 71 – даночни приходи во износ од 54.263.260,00 денари, ставка 72 – неданочни приходи во вредност од 21.443.107,00 денари и ставка 73-капитални приходи кои изнесуваат 40.079.270,00 денари (податоци од 2015).