Подрачјето на Општина Свети Николе е организирано во облици на месна самоуправа. Согласно Законот за локална самоуправа, во градското подрачје тие имаа назив – урбани заедници, а во населените места – месни заедници.

Месната самоуправа е непосреден облик на општествено организирање на граѓаните. Ѓраѓаните преку урбаните и месните заедници, во согласност со закон и Статут на Општината имаат надлежност и се грижат за:

  1. Решавања на прашања од комунална инфраструктура за соодветното подрачје.
  2. Изградба и одржување на објекти од јавен интерес (водоводи, улици, културни домови, спортски објекти и др.).
  3. Заштита на животната средина и природата.
  4. Уредување и одржување на гробиштата во селските населби.
  5. Покренување иницијативи за уредување на просторот.
  6. Организирање на културни, спортски, забавни и други манифестации.
  7. Други работи од непосредно секојдневно значење за животот и работата на граѓаните.

На територија на Општина Свети Николе има организирани 23 Месни заедници.