Градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски, со претпријатието „ Конструктор“, потпиша договор за изградба на градски пазар. Со овој проект вреден околу 16 милиони денари, средства обезбедени од Светска Банка, ќе се уреди отворениот простор на сегашната локација на пазарот, каде ќе бидат поставени нови пултови за продажба на земјоделски производи, а ќе се овозможи и полесен пристап и за продавачите и за купувачите. Изградбата на пазарот треба да започне во текот на месец октомври и да биде предаден во употреба за пет месеци.

42525107_471654436672628_5562269101163806720_n 42537010_309582372956474_5709259305987866624_n 42634026_238789400122803_3134416035394879488_n