Општинската организација на Црвениот крст и Републичкиот завод за трансфузиологија од Скопје, во Свети Николе организираа вонредна акција за доброволно дарување на крв. Како што истакнуваат од општинскиот Црвен крст, светиниколските крводарители се едни од најактивните во нашава земја и секоја година го   надминуваат планот на   собрани крвни единици со неколку десетици проценти. Инаку, според годишниот план се предвидени четири дводневни акции и неколку вонредни, со што се надминува границата од илјада крводарувања. На денешната акција учествуваше и градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски кој е повеќекратен дарител со над 80 пати дарувана крв.

DSCN8990 DSCN8993 DSCN8989 DSCN8987 DSCN8983 DSCN8982 DSCN8980 DSCN8979 DSCN8978 DSCN8977 DSCN8976 DSCN8974 DSCN8973 DSCN8972 DSCN8971 DSCN8970 DSCN8967