На дводневната акција за крводарување што ја спроведува Институтот за трансфузиологија на Македонија во организација на општинскиот Црвен Крст во Свети Николе Собрани се над 250 крвни единици. Инаку ова е прва крводарителска акција што е спроведена во нашава земја и според дарувањата на најдрагоцената течност е една од најмасовните, па затоа покрај екипа на Институтот за трансфузиологија од Скопје, учествуваше и екипа од одделението за трансфузиологија од клиничкиот центар од Штип. Меѓу крводарителите на првата акција учествуваше и градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски кој досега има дарувано над 70 пати крв.
Скорешни написи
- Донесен Буџетот на општина Свети Николе за 2021
- 62-ра Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Обраќање на Градоначалникот на Општина Свети Николе
- Доделување на награди и признанија
- 61-ва Седница на Советот на Општина Свети Николе
Кој е онлајн?
Во моментот: 5 посетители
Крводарителска акција