Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денес престојуваше во работна посета на општина Свети Николе. Во рамките на посетата министерката Јанкуловска присуствуваше на предавање за „Превенција против наркотични средства “ што ја организираше полициската станица од Свети Николе за учениците од средното општинско училиште „Кочо Рацин“. Како што истакна министерката Јанкуловска Општина Свети Николе е една од најбезбедните и најмирните локални самоуправи во источниот дел на Македонија, што се однесува во однос на јавниот ред и мир. Градоначалникот Зоран Тасев во своето обраќање истакна дека за епитетот „најмирна општина“ потребно е да се работи на едукација на населението и заеднички со полицијата превентивно да се делува во сите сегменти на општественото живеење.
Скорешни написи
- Донесен Буџетот на општина Свети Николе за 2021
- 62-ра Седница на Советот на Општина Свети Николе
- Обраќање на Градоначалникот на Општина Свети Николе
- Доделување на награди и признанија
- 61-ва Седница на Советот на Општина Свети Николе
Кој е онлајн?
Во моментот: 4 посетители
Министерката Јанкуловска во посета на Свети Николе