“Насилството и дискриминацијата во фудбалот”

Организација на жените на општина Свети Николе се приклучи на Football People акциона недела 2014 и заедно со илјадници европски групи овој месец ќе ја користат моќта на фудбалот за да го промовираат обединетиот став против дискриминацијата и се декларираат како фудбалски луѓе.

Во рамките на проектот 10 години Фаре во Свети Николе, Македонија на 15 Октомври 2014 година се реализирашетрибинана тема “Насилството и дискриминацијата во фудбалот” и изложба на фотографии одактивностите во ФАРЕ неделата во изминатите 10 години.

“Спортот денес преставува најзастапено подрачје од опшествениот живот, важна капитална област, развиена општествена активност и начин за решавање на општествени проблеми”рече во своето излагање спортскиот работник Г-н Илија Бетувски.

“Ние како наставници и педагози по физичко и здравствено образование настојуваме кај учениците да создадеме правилно однесување, развивање на фер плеј, толеранција и спортски дух како на теренот така и на трибините”рече Зоран Цветковски-наставник по физичко и здравствено воспитување во ОУ Кирил и Методиј Свети Николе.

Г-н Гордан Здравков гордоста на Светиниколскиот фудбал порача: “ Вечерва дојдов овде да научам нешто повеке за овој проблем “

Илија Стоилев претседател на Ф.К Овче поле повика напозитивнспортски дух на спортските терени меѓу играчите, навивачите и публиката.

 

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora