Со дефиле на коњаниците, учесници на илинденскиот марш, низ улиците на Немањици во присуство на голем број жители на ова светиниколско село, синоќа започнаа Немањичките илинденски средби. На споменикот на непокорот беа положени цвеќиња, а во црквата се одржа благослов за учесниците на Коњичкиот марш кои денес го започнуваат својот поход кон славното Крушево, каде треба да пристигнат на 2 Август. Во своето обраќање градоначалникот на општина Свети Николе истакна дека од Немањици праќаат порака и до Вашингтон и до Брисел, дека традицијата опстојува во Македонија и дека таа ја одржала и ќе ја одржува нашата земја се додека постои и еден Македонец. Во културно забавниот дел на манифестацијата настапија КУД „Санде Цветковски“ од Горобинци и ФА „Јанко Глигоров“ од Свети Николе.

???????????????????????????????

??????????????????????????????? ??????????????????????????????? ??????????????????????????????? ??????????????????????????????? ???????????????????????????????  ???????????????????????????????