Деновиве започна изградбата на патниот правец кон хидроакумулацијата „Мавровица“. Средствата за изградба на патот се обезбедени преку Агенцијата за рурален развој како проект на локалната самоуправа на општина Свети Николе, а должината на патниот правец изнесува околу 800 метри. Со оваа ќе се овозможи полесен пристап до хидроакумулацијата како за спортските риболовци , така и за останатите граѓани на општина Свети Николе и пошироко кои што сакаат да рекреираат на овие убави терени. Со оваа ќе се создадат услови за изградба на викенд населби и развој на туризмот.

pat-mavrovica (5) pat-mavrovica (4) pat-mavrovica (3) pat-mavrovica (2) pat-mavrovica (1)