Новогодишен концерт на мандолинскиот оркестар

Во големата сала на Општината, синоќа Градскиот мандолински оркестар „Свети Николај“ го одржа традиционалниот новогодишен концерт. Мандолинистите   по девети пат, ја продолжуваат традицијата,   крајот на годината   да го одбележат со беспалетен концерт за граѓаните. На концертот беа изведени повеќе композиции, меѓу кои обработки на народни песни, популарна светска и филмска музика, а на крајот   да ги изведат композициите на Јохан Штраус „на синиот Дунав„ и „Радецкиот марш“ на задоволство на публиката. Во рамките на програмата на градскиот мандолински оркестар настапија,   тенорот Ненад Јованов и флаутистите од основното училиште „Гоце Делчев“. Годинава, за прв пат оркестарот настапи без нивниот аранжер, композитор и диригент Кирил Трајковски, на кого му го посветија концертот, а кој се наоѓа на домашно лекување.

DSCN0391 DSCN0394 DSCN0396 DSCN0397 DSCN0398 DSCN0400 DSCN0406 DSCN0407 DSCN0427 DSCN0430 DSCN0450 DSCN0451

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora