Одбележан денот на независноста на Македонија

По повод 8-ми септември и 23 години од независноста на Р. Македонија денеска во Свети Николе делегации предводени од градоначалникот Зоран Тасев, пратеничката со републичкото собрание Благица Ласовска, делегација на советот на општината предводена од Илија Стоилев и делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Александар Арсов положија цвеќе на спомениците на Александар Серафимов и паднатите борци од НОВ во градскиот парк. Во рамките на денешната прослава со концерт на градскиот мандолински оркестар „Свети Николај“ настапува и младиот тенор Ненад Јованов, кој ќе се претстави пред љубителите на музиката во Свети Николе.

8 septemvri (12) 8 septemvri (10) 8 septemvri (9) 8 septemvri (5) 8 septemvri (4) 8 septemvri (2) 8 septemvri (1)

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora