Во салата на градската библиотека во Свети Николе, ученици од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“ приредија пригодна програма по повод светскиот ден на лицата со хендикеп. Покрај учениците на одбележувањето на денот, присуствуваа лицата со попреченост во развојот од Дневниот центар во Свети Николе, како и лицата со попреченост кои посетуваат настава во училиштата. Меѓу присутните беше и делегација од локалната самоуправа предводена од градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.

DSCN0107 DSCN0110 DSCN0112 DSCN0127 DSCN0131 DSCN0161 DSCN0169 DSCN0170 DSCN0184 DSCN0187