Одбележување на Европскиот ден на соработка

Годинава се одржува седмото издание на Европскиот ден на соработка, во кое за прв пат се вклучува и општина Свети Николе  преку различни активности. На денешниот настан учество зедоа  членовите на извидничкиот одред  „Гоце Делчев“ со што се покажува дека и општина Свети Николе  се стреми кон промовирање на европските вредности и негување на традиционалниот дух на соработка меѓу сите чинители на локално ниво. Како што истакнува градоначалникот  Сашо Велковски,  ова е прилика да се запознаат граѓаните  на општина Свети Николе со текот на реализацијата на проектот  БИОРЕАЛ, кој со 162 илјади евра е финасиран  од страна на Европската унија преку програмата ИПА- 2 за  прекугранична соработка  на Република Македонија  и  Република Грција. Со проектот е предвидена целосна  реконструкција   на станицата за пречистување на отпадните води на град Свети Николе.

DSCN0176 DSCN0177 DSCN0184

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora