Одделение за локален економски развој и јавни дејности при Општина Свети Николе согласно потребите за реализација на активност од Програмата за Локален екононмски развој во 2018 година бр. 0801-514 донесена од Советот на Општина Свети Николе на 15.12.2017 година, како и активност од Програмата за Локален екононмски развој во 2019 година бр. 0801-320 донесена од Советот на Општина Свети Николе на 13.12.2018 година изврши изработка на Листи/База на: институциии, организации и фирми кои нудат услуги за развој на приватниот сектор (НВО агенции, консалтинг фирми, локални единици и единици на владини агенции, правници, нотари, сметководители и сл.).

 

За таа цел беше спроведено истражување и собирање на информации а како резултат на истото се изработени следниве документи кошто континуирано ќе се дополнуваат со информации:

 

–       ИНФОРМАТОР НА ИНСТИТУЦИИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ;

–       ЛИСТА НА СТОПАНСКИ СУБЈЕКТИ И ФИРМИ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ;

–       ЛИСТА НА БАНКИ, МЕНУВАЧНИЦИ, ШТЕДИЛНИЦИ И ДРУГИ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ;

–       ЛИСТА НА ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ И ОСИГУРИТЕЛНИ ДРУШТВА;

–       ЛИСТА НА ТП ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ДРУШТВА ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ;

–       ЛИСТА НА СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧИ СВЕТИ НИКОЛЕ;

–       ЛИСТА НА АДВОКАТИ И АДВОКАТСКИ ДРУШТВА ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ;

–       ЛИСТА НА НОТАРИ ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ;

–       ЛИСТА НА ИЗВРШИТЕЛИ ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ;

–       ЛИСТА НА СУДСКИ ВЕШТАЦИ ПО ОБЛАСТИ НА ВЕШТАЧЕЊЕ ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ;

–       ЛИСТА НА МЕДИУМИ ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ;

–       ЛИСТА НА ВОСПИТНО – ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ;

–       ЛИСТА НА СТОПАНСКИ КОМОРИ.

Листитe/Базатa е достапнa за сите заинтересирани страни во поглед на деловна соработка со Бизнис секторот од Општина Свети Николе, како и агенциите, институциите коишто се активни на територијата на Општина Свети Николе.

 

Потполнувањето на Листитe/Базатa ќе се врши континуирано.

 

Одделение за локален економски развој и јавни дејности при Општина Свети Николе ги охрабрува сите останати субјекти кои се активни на територијата на Општина Свети Николе, да достават нивни информации коишто ќе бидат благовремено потполнети.

Воедно сите одние кои се вметнати во Листитe/Базатa може да извршат корекција или ажурирање на податоците во секое време.

Информациите треба да се достават до Архива на Општина Свети Николе со Назнака: За Листи/База или во електронска форма на ler@svetinikole.gov.mk