Oдржан состанок на Локалниот совет за превенција на кој на Дневен ред се разгледаа две точки: – Одбележување на месецот на борба против рак на дојка и- Ситуацијата со превенција и заштита од КОВИД-19.
Во тек се низа активности во одбележување на месец на борба против рак на дојка во организација на Комисијата за еднакви можности.
Според излагањето на присутните до денес вкупно имаме 51 активно лице заболено од корона вирусот од кои и едно двомесечно бебе а 7 лица се на болничко лекување.Од МВР не информираа дека на 481 лице им е изречена казна за неносење маска .На седницата се разгледа и се донесе заклучок да се поведе активна кампања за донирање на крвна плазма од излечени лица од КОВИД-19 , која им е потребна во лекување на заболените лица. 
Апелираме до сите сограѓани да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19 , како и често миење на раце, држење на дистанца и носење ма заштитни маски.