Општина Свети Николе во програмата на УНДП за зајакнување на локалната демократија

Во Скопје, градоначалникот на општина Свети Николе Сашо Велковски  присуствуваше  на потпишувањето на меморандумот за соработка, со уште пет општини од нашава земја,  во рамки на програмата  за зајакнување на општинските совети, односно Програмата за развој на Обединетите  нации (УНДП). Со оваа програма советниците од општините  ќе добијат обука и поддршка со цел да овозможат буџетите на општините да се планираат и трошат во насока на очекувањата на жителите, а за таа цел ќе добијат и грантови во висина од 50 илјади швајцарски франци.  Како што истакнува градоначалникот Велковски со овој проект советот на општината ќе биде уште посилен партнер, кој ќе осигура парите од градскиот буџет да бидат наменски потрошени  за потребите  на граѓаните, а ќе се обезбеди и трансапрентност  за секој потрошен денар.

32 DSC_0586

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora