Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ со нов покрив

По повеќе од пет децении, на Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ од Свети Николе, се заменува стариот и дотраен покрив од салонитни плочи со современи панели кои целосно одговараат на стандардите за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Како што истакнува Градоначалникот на Општина Свети Николе Зоран Тасев ова е реализација на уште еден проект кој е многу значаен за осовременување на условите за настава за учениците , како и за заштита на здравјето на децата и наставниците. Локалната самоуправа издвои средства во висина од 4 и пол милиони денари за санирање на овој дамнешен проблем, а останува уште реконструкција на фасадата на здрадата на училиштето за да го добие вистинскиот скај на современа образовна установа. Работите ги изведува градежната skolo km 2 skolo km 3 skolo kmфирма „Метал-КГ“ од Струмица и се очекува покривот да биде завршен пред почетокот на учебната година.

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora