Во салонот на библиотеката при Домот „Крсте П.Мисирков“ во Свети Николе беше отворена изложба на слики од Владимир Темков. Овој ликовен уметник досега настапувал на многу изложби во земјава и странство, а оваа самостојна изложба е со наслов „30 години творештво“. Градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев на отворањето истакна дека локалната самоуправа ги поддржува активностите на Домот на културата, а Министерството за култура на Република Македонија учествуваше во реализација на овој проект.

Izlozba (5) Izlozba (4) Izlozba (3) Izlozba (2) Izlozba (1)