По повод 25-ти ноември, Меѓународниот ден против семејно насилство, а во организација на Комисијата за еднакви можности при општина Свети Николе, се одржа јавна седница на тема “Нема оправдување-заедно против насилство врз жени и девојчиња”.
На трибината зедоа учество претставници од МВР ПС Свети Николе, Центар за социјални грижи Свети Николе, претставнички од НВО секторот -Граѓанска иницијатива на жени,Организација на жени и актив на жени при Здружение на пензионери , како и актив на жени од двете политички партии при СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Во знак на подршка против родовото насилство , од денес и во наредните 16 дена,на  општинската зграда ќе бидат истакнати портокалови траки а фасадата осветлена во портокалова боја како симбол на борба против насилството.
Исто така во Домот на културата ,,К. П. Мисирков “ Свети Николе, ООУ ,,Кирил и Методиј “ одржа трибина  под мотото ,,Меѓуврсничко насилство – Не во моето училиште“, во соработка со МВР Полициска станица Свети Николе и МСУ ,,Державин “, наменета за сите ученици од 5то до 9то одделение. На трибината беше прикажан поучен видео-материјал, драматизација подготвена од наши ученици како и говори на темата од страна на полициски инспектор г-дин Илија Бетувски и проф.д-р по Психологија, г-дин Мирослав Пендаровски. 
Општина Свети Николе ги охрабрува сите жени ,жртви на семејно насилство да го пријават истото , со цел превземање на одговорност кон сторителите на вакви чинови.