Градоначалникот на општина Свети Николе Зоран Тасев во придружба на претседателот на Советот Илија Стоилев, директорите на јавните претпријатија и членови на општинската администрација ги посетија месните заедници Павлешенци и Стањевци. Со жителите на овие месни заедници разговараа за актуелните состојби кои се однесуваат во најголем дел на комуналните проблеми. Локалната самоуправа е подготвена преку проекти да реализира дел од инфраструктурата на месните заедници, со што ќе се придонесе за подобрување на животот во овие рурални средини каде во најголем број живеат стари лица.

pavlesenci (7) pavlesenci (6)      pavlesenci (5) pavlesenci (4) pavlesenci (3) pavlesenci (2) pavlesenci (1)