Поставен Камен темелник на манастир во село Немањици

Во село Немањици во месноста „Старо село“ каде што постои многу стара црква посветена на Свети пророк Илија, денеска во присуство на голем број граѓани беше извршено осветување и поставување на камен темелник на манстир. Свечениот чин на осветувањето го изврши Неговото Високопеосвештенство господин Иларион, митрополит на Брегалничката епархија во сослужение со повеќе свештенослужители. На поставувањето и осветувањето на манастирот присуствуваше и делегација од локалната самоуправа на општина Свети Николе, предводена од градоначалникот Зоран Тасев. Како што истакнуваат жителите на село Немањици, започнувањето на изградбата на овој манастир е дамнешна желба и продолжување на верската традиција на луѓето кои живеат на овие простори.

crkva (1) crkva (2) crkva (3) crkva (4) crkva (5)

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora