Во Свети Николе  се одржа презентација на Европската  Алијансата за јавно приватно партнерство  Ц.Р.Е.А.М. на која присуствуваа  делегации од локалните самоуправи на општините Свети Николе и Лозово предводени од  градоначалниците Сашо Велковски и Аце Велковски, како и преставници на прватни компании од Австрија, Португалија, Србија и Косово, заинтересирани за отворање бизниси во областа на производство на зелена енергија,како и претставници на банки кои сакаат финансиски да ги поддржат ваквите инвестиции.  Градоначалниците на двете општини ги  истакнаа можностите  за поставување на ветерни паркови, како и на фотоволтаични централи за производство на електрична енергија, на повеќе локации кои претставниците на компаниите  ги посетија на терен. Со ова се создаваат услови за влез на странски капитал во земјава  и за користење на обновливите извори на енергија.  DSCN5414 DSCN5419 DSCN5438 DSCN5440 DSCN5443 DSCN5451 DSCN5457 DSCN5460 DSCN5471 DSCN5475 DSCN5477 DSCN5478 DSCN5484 DSCN5495 DSCN5499