Прв лет со балон

Свети Николе претставува идеално место за летови со балони. Воздушните струења, прекрасните предели на овечеполието, археолошките наоѓалишта се дел од можностите за вистинско доживување што го нуди летањето со балон. На 11 ноември за прв пат се случи полетување со балон од Свети Николе. Борче Пауновски професионален пилот, кој пилотира со единствениот балон во нашава земја, истакнува дека Свети Николе може својата туристичка понуда да ја збогати со летовите со балони, но и да ја промовира општината надвор од нашата земја. Интересот за летање со балон е   се поголем   и се доживува како атракција со зголемен адреналин. Првото полетување на 25 метарскиот балон, во неделата од фудбалското игралиште во раните утрински часови, пријатно ги изненади светиниколчани и кои со неверување гледаа во небото, следејќи го движењето на балонот. Се очекува во наредниот период, летовите со балон од Свети Николе да бидат се почести и се повеќе заинтересирани лица да летаат над градот и овчеполието.

DSCN0874 DSCN0877 DSCN0887 DSCN0901 DSCN0902 DSCN0912 DSCN0919 DSCN0921

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora