Во извидничкиот центар Орел, деновиве беше организиран летен камп со учество на 50 членови на извиднички одреди и општински организации на Црвениот крст од Велес, Виница, Пробиштип и Свети Николе. Тридневниот камп кој традиционално се спроведува во текот на летните месеци, има за цел размена на искуства помеѓу извидниците и членовите на црвениот крст, односно се спроведуваат практични вежби за прва помош и ориентација во простор. Во текот на активностите на младите извидници и членови на црвениот крст, кампот го посетија лицата со посебни потреби од дневниот центар, како и членовите на Мото клубот од Свети Николе.

Izvidnici5 Izvidnici4 Izvidnici3 Izvidnici2 Izvidnici1