Регионални спорски натпревари на пензионери

Годинава здружението на пензионери од Свети Николе, активно учествува во организирање на повеќе манифестации за своите челенови. Деновиве во Свети Николе беа одржани регионални спортски натпревари на кои учествуваа здруженија од Струмица, Ново село, Радовиш-Конче, Штип- Карбинци, Лозово и домаќинот Свети Николе. Иако во подминати години, спортскиот дух не ги напушта луѓето од третата доба, па можеше да се забележи нивната желба за победа во повеќе дисциплини, како што се: теглење јаже, фрлање ѓуле, трчање на 60 метри, стрелање со воздушна пушка, пикадо и др. На отворањето на натпреварот присуствуваше и делегација од општина Свети Николе предводена од градоначалникот Зоран Тасев. Победниците од сите спортски дисциплини ќе се натпреваруваат на завршната манифестација  која ќе се оджи во септември во Скопје.

penzioneri 1 penzioneri 2 penzioneri 3 penzioneri 4 penzioneri 5 penzioneri 6

 

 

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora