Реконструкција на патниот правец Пеширово – Ерџелија

Деновиве започна реконструкцијата на патниот правец Пеширово – Ерџелија, во должина од еден километар, од клучката на патот Свети Николе – железничка станица Овче Поле, до надвозникот на автопатот, Миладиновци – Штип. Вредноста за изведбата на патот е околу 4 милиони денари, а се очкува во за околу два месеци патот да биде предаден во употреба. Како што истакнува градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски, за следната година е поднесен проект во Агенцијата за рурален развој, за реконструкција и на останатиот дел од патот кон село Ерџелија за што ќе бидат потребни околу 15 милиони денари. Динамиката на работите е според изведбените планови, а тоа може да се забележи и на терен, каде забрзано се работи на отстанување на оштетениот асфалтен слој на коловозот и се врши подготовка за асфалтирање на патот.

DSCN0451 DSCN0450 DSCN0449 DSCN0446 DSCN0442 DSCN0438 DSCN0434 DSCN0440 DSCN0433

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora