Во  салата  на локалната самоуправа на Општина Свети Николе, денеска се одржа трибина на тема: „Руралните средини предизвик за младите?“, на која учество зедоа млади фармери, младински невладини организации, претставници од локалната самоуправа , претставници од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и други институции. Трибината ја организира Мрежата на млади фармери од Мешеишта, Дебарца во соработка со Рурална коалиција од Куманово, кои  го спроведуваат  проектот „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ во рамки на програмата за Граѓанско Општество и Медиуми на Европската унија , преку фондацијата Преда Плус во рамките на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации.

Целта на трибината е да се мотивираат младите да бидат што повеќе директно инволвирани во процесите  на донесување на јавни одлуки и зголемување на нивната вклученост во граѓанскиот активизам. Претставниците на Мрежата на млади фармери  со градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски потпишаа меморандум за соработка.

40045448_660273194355745_8929418655435849728_n