Мостот на река „Мавровица“ во населбата „Долни Ливади“ кој беше срушен од високиот водостој на реката во февруари минатата година започна со негово отстранување и започнување со изградба на нов мост. При обилните дождови минатата година беше зголемен водостојот на реката од 45 метри кубни во секунда што предизвика поткопување на темелите и уривање на мостната конструкција која остана да стои во речното корито. Тоа претставуваше сериозна опасност за излевање на водата од коритото и поплавување на објектите и околното земјиште.
После паѓањето на мостот, Локалната самоуправа Свети Николе веднаш презеде активности за барање на извори за финансирање, со што се обезбедија парични средства од мисијата на Европската Унија, а целокупната процедура ја води мисијата на УНДП. Покрај изградба на новиот мост е предвидена и изградба на ново речно корито пред и после мостот во должина од 170 метри.
„На задоволство на граѓаните од овој дел на градот до месец март идната година се очекува да биде реализиран овој проект, а изведувач на работите е градежната компанија „ Промонтинг“ од Скопје. Изразувам голема благодарност на мисиите на ЕУ и УНДП за поддршката и дадените средства за реализацијата на проектот“ истакна Градоначалникот на Општина Свети Николе Зоран Тасев.
“ кој беше срушен од високиот водостој на реката во февруари минатата година започна со негово отстранување и започнување со изградба на нов мост. При обилните дождови минатата година беше зголемен водостојот на реката од 45 метри кубни во секунда што предизвика поткопување на темелите и уривање на мостната конструкција која остана да стои во речното корито. Тоа претставуваше сериозна опасност за излевање на водата од коритото и поплавување на објектите и околното земјиште.
После паѓањето на мостот, Локалната самоуправа Свети Николе веднаш презеде активности за барање на извори за финансирање, со што се обезбедија парични средства од мисијата на Европската Унија, а целокупната процедура ја води мисијата на УНДП. Покрај изградба на новиот мост е предвидена и изградба на ново речно корито пред и после мостот во должина од 170 метри.
„На задоволство на граѓаните од овој дел на градот до месец март идната година се очекува да биде реализиран овој проект, а изведувач на работите е градежната компанија „ Промонтинг“ од Скопје. Изразувам голема благодарност на мисиите на ЕУ и УНДП за поддршката и дадените средства за реализацијата на проектот“ истакна Градоначалникот на Општина Свети Николе Зоран Тасев.

most-drvenarija most-drvenarija2 most-drvenarija3 most-drvenarija4