Снежен бран во општина Свети Николе

Снег проследен со северен ветер, ја зафати општина Свети Николе. На сите магистрални и регионални патишта има околу десетина сантиметри снежна покривка. Според информациите на АМСМ и Македонија пат, магистралните патишта од Свети николе кон Штип, Велес и Куманово се проодни, иако на коловозот има кашест снег. Најкритични места на патот кон Куманово е кај село Павлешенци каде ветерот постојано создава наноси на патот и на експресниот пат кон Велес кај село Сарамзалино. Снегот постојано се чисти, а сообраќајот се одвива без застои. Што се однесува до проодноста на патиштата до селските населби, прекин на сообраќајот има на патот кон село Павлешенци од клучката на патот Свети Николе – Куманово, кон село Орел, Сопот, Преот, Трстеник. Екипи за зимско одржување на патиштата заедно со механизација и вработени од ЈКП „Комуналец“ веќе се на терен и работат на расчистување на овие делници. Вработени од комуналното претпријатие ангажирани се и на расчистување на тротоарите, пешачките патеки и улиците во градот. ??????????????????????????????? ??????????????????????????????? ??????????????????????????????? ??????????????????????????????? ???????????????????????????????

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora