Вчера во Свети Николе се одржа спортско културната манифестација Спортски бон- тон , односно традиционални спортски игри. Во ракмите на проектот учествуваа околу 150 деца односно ученици од општините Велес, Маврово-Ростуше, Ново село, Охрид, Карпош и градот домаќин Свети Николе. Игрите од спортскиот бон -тон се одвиваа во градскиот парк и како што истакна градоначалникот Зоран Тасев, имаа за цел промовирање на спортот како, општествена активност, преку кои со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност, се зацврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија. Покрај општина Свети Николе во организацијата се вклучени и Геостратешкиот институт Глобал и Амбасадата на САД, под покровителство на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов кој   присуствуваше на манифестацијата која се ода во Свети Николе.

bon-ton (7) bon-ton (6) bon-ton (5) bon-ton (4) bon-ton (3) bon-ton (2) bon-ton (1)