Советот за превенција против насилство на општина Свети Николе во соработка со СВР Штип, полициската станица од Свети Николе и Канцеларијата на ОБСЕ во Македонија, спроведуваат проект против насилството на спортските терени. Вчера се одржа средба на спортските работници и навивачките групи, со цел преку дијалог да се изнајдат механизми кои ќе бидат имплементирани според Законот за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските терени. Се очекува во наредниот период да биде регистрирана и навивачката група „Овчари“, ќе бидат изработени транспаренти и препознатливи симболи на навивачите кои ќе ги бодрат сите спортски екипи од Свети Николе на натпреварите на домашен и на гостински терен.

 

Sportsko navivanje (5) Sportsko navivanje (4) Sportsko navivanje (3) Sportsko navivanje (2) Sportsko navivanje (1)