Помош за загрозените во поплавите во Скопско

Уште во првиот момет по невремето во Скопје припадниците на Територијалната противпожарна единица од Свети Николе се упатија со цистерна и пумпи во загрозените подрачја. Покрај тоа вработени од градежното претпријатие „АГП“ со пумпи и агрегати црпеа вода од поплавените куќи, подруми и дворови во населбата Ченто. Исто така деновиве вработени од ЈКП„ Комуналец“, претставници од организации и институции, како и голем број граѓани, членови на извидничкиот одред „Гоце Делчев“ неколку дена се со настраданите семејства во скопско. Локалната самоуправа на општина Свети Николе, ОО Црвен крст на Свети Николе, Организација на жени Свети Николе како и поголем број фирми, Мото клубот од Свети Николе донираа средства за настраданите од невремето во околината на Скопје. Досега, се испратени 2 тони вода, 2 тони храна, 500 килограми облека и 100 килограми средства за дезинфекција. Во центарот на Свети Николе отворен е пункт на кој граѓаните можат да донират вода, хигенски средства и пари за оние на која им е најпотребна во овој момент. Граѓаните на Свети Николе сочувствуваат со настраданите од големото невреме и ја покажуваат својата хуманост на дело.

pomos pomos2 pomos3

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora