Трибина за борба против ракот

Канцерогените заболувања кај жените во Свети Николе, постојано бележат пораст, па така според бројот на заболени се наоѓаме во врвот на непопуларната листа на болни од рак во нашава земја. Организацијата на жени на општина Свети Николе е една од најактивните невладини организации кои се занимава со прашањата на заштита на жените од заболувањата на репродуктивните органи. По повод месецот на борба против ракот, во Свети Николе беше организирана трибина на тема: „Фактори и причини кои доведуваат до малигни заболувања и начини за полесно справување со болеста“ за кое предавање подготви Елисавета Секуловска, психолог- психотерапевт. На трибината присуствуваше градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски кој ја истакна соработката на локалната самоуправа со организацијата на жени со цел поуспешно да се справат со болеста и последиците кои таа ги носи.

DSCN0730 DSCN0737 DSCN0749 DSCN0754 DSCN0760 DSCN0765

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora