Втора сесија на Форуми на заедниците

На втората сесија на Форуми на заедниците, учесниците од  невладиниот сектор, јавната администрација, образованието, бизнис заедницата работеа  на конкретни проекти кои се од интерес на граѓаните на Свети Николе. Во понатамошните активности на форумите ќе се работи на  подготовка на  проектите кои ги потенцираа учесниците, а тоа се: Имплементирање на систем за затоплување и климатизација на  кино салата во Домот на култура,  реконструкција на покривната конструкција на клон 2 од детската градинка „Рахилка Гонева“  и  замена на дотраените прозорци,  безбеден пристап во основното училиште   „Кирил и Методиј“,  воведување на систем на загревање во спортската сала „Цар Самоил“,  центар за поддршка на жени претприемачки од руралните средини,  адаптација на просторија во с.Ерџелија во згрижувачки капацитет  за деца,  адаптација за простории за настава по спорт во средните училишта и опремување на медијатека со сензорна соба за децата со посебни потреби со дидактички материјал.  Во завршната сесија ќе бидат избрани еден или два проекти кои  ќе бидат поддржани со 50 илјади швајцарски франци кои ќе се имплементираат до крајот на месец Јуни. На сесијата присуствуваа Фисник Шабани и Лејла Небију од УНДП  кои заедно со Швајцарската агенција за соработка и развој го спроведуваат овој проект во неколку општини од нашава земја.

DSCN1196 DSCN1194 DSCN1190 DSCN1189 DSCN1183 DSCN1179 DSCN1175 DSCN1172 DSCN0016 DSCN0009 DSCN0002

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora