За прв пат во нашиот град,  Советот на млади при Општина Свети Николе организираше зимски турнир во мал фудбал, на кој учество земаа екипи од повеќе околни оппштини. На турнирот учествуваа екипи од Велес, Штип, Скопје, Пробиштип, Крива Палана, со што слободно може да се каже дека овој зимски турнир, заедно со возобновената традиција на оддржување на летниот турнир во мал фудбал, полека но сигурно стануваат сериозно препознатливи спортски настани. Победник на овој турнир е екипата на Мечкуевска куќа “Пуже”, која во финалето беше подобра од екипата на Етно гостилница “Воденица 3”. Во натпреварот за третото место, екипата на Мики Вел беше поуспешна од Кафе Бар феникс. Од индивидуалните награди, за најдобар стрелец е прогласен Александар Михајлов, додека најдобар голман е Даниел Стефановски, двајцата од Мики Вел. Наградата за најдобар млад играч отиде во рацете на Берти Стојановски од шампионската екипа на Мечкуевска Куќа “Пуже”
Се надеваме дека ваквите настани ќе бидат почесто присутни во нашиот град, бидејќи граѓаните на Свети Николе тоа го заслужуваат.