Финална конференција -Програма за развој на Вардарскиот регион 2015 – 2019 год

На 27.11.2014 год. Во општинската сала на Советот на Општина Свети Николе во 12 часот се одржа завршна конференција за претставување на Предлог верзијата на престојната Програма за развој на Вардарскиот регион 2015 – 2019 год. Во изминатиот период од три месеци се одржаа 6 работилници на на коишто Вардарскиот плански регион заедно со претставниците на Општините од Вардарскиот плански регион, каде се дискутираше и работеше за приоритетите на Вардарскиот регион, а како резултат на овие работилници се изготви Предлог верзијата на престојната Програма за развој на Вардарскиот регион 2015 – 2019 год.

Центарот за развој на Вардарскиот пласнски регион ја изготвува оваа Програма за развој на Вардарскиот регион 2015 – 2019 год. ја изготвуви согласно Законот за рамномерен регионален развој, а истата ја изработи во соработка со Програмата за регионален економски развој – ГИЗ РЕД и Швајцарската агенција за развој и соработка.

На самиот настан присуствуваа претставници од Општинте од Вардарскиот регион: Општина Свети Николе, Општина Велес, Општина Чашка, Општина Лозово, Општина Градско, Општина Неготино, Општина Кавадарци, Општина Росоман, Општина Неготино, како и претставници од НВО секторот и бизнис секторот од овој регион.

vardarski (6) vardarski (5) vardarski (4) vardarski (3) vardarski (2) vardarski (1)

 

 

Противпожарна единица

ТППЕ

Народен музеј

muzej bylazora