Финансиските средства предвидени во Буџетот на Општина Свети Николе за 2025 година ќе се доделуваат на Приматели на средства согласно Член 2 од правилникот за утврдување на начинот,постапката и критериумите за распределба на финансиски средства од Општина Свети Николе на програми, проекти, активности, натпревари и манифестации од областа на спортот, културата и поддршка на граѓанскиот сектор (во натамошниот текст: Правилникот).
Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои предлози се определуваат во член 2 како приматeли на средства и истите се со седиште во Општина Свети Николе, како матична општина каде физички ќе се реализираат активностите од предлозите. Резултатите од спроведените проекти/програми ќе бидат остварени во општина Свети Николе.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват се дадени во Правилникот.
Времетраење
Предвидениот период за реализација на активности да бидат 01 Јануари до 31 декември наредната година, со евентуално барање за продолжување на истите заради оправдани причини.
Потребна документација која да ги достави кон Пријавата на предлогот.
За Област Спорт Солгласно член 5 е потребно да се достави следнава документација:
Формулар за аплицирање (кој во електронска форма може да се подигне од Веб страната на Општина Свети Николе) симни;
Задолжителна документација потребна за аплицирање на спортските клубови:
- тековна состојба (централен регистар);
- Документ со кои се докажува во која категорија апликантот учествува (супер лига, прва лига, втора лига, трета лига, општинска лига, младинска лига, кадетска лига, пионери);
- Изјава со којашто се потврдува од клубот дали наплаќа/ не наплаќа чланарина (ја издава самиот клуб);
- Годишна програма за работа и функционирањето на спортскиот клуб, односно здружението;
- Постигнати резултати, успеси;
- Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на предлогот за финансирање т.е. програмата/ проект (број на ангажирани лица, опис на трошоците по позиции);
- Извешај за потрошените средства добиени од Општина Свети Николе за претходната година (наративен и финансиски извештај)- симни образец;
- Информација каде и во кои спортски сали и/или спортски терени го извршуваат тренажниот и натпреварувачкиот процес;
- Прилози, фотографии, награди за претходната година.
Индивидуални спортисти
- Лична карта/патна исправа
- Трансакцска сметка
- Постигнати резултати и успеси
- Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата/ проект (број на ангажирани лица, опис на трошоците по позиции);
- Извешај за потрошените средства добиени од Општина Свети Николе за претходната година;
- Информација каде и во кои спортски сали и/или спортски терени го извршуваат тренажниот и натпреварувачкиот процес;
- Прилози, фотографии, награди за претходната година.
* Спортските сојузи, индивидуалните спортисти и здруженија потполнуваат податоци коишто ги имаат.
За Област НВО Солгласно член 6 е потребно да се достави следнава документација:
Формулар за аплицирање (кој може да се подигне од веб страната на Општина Свети Николе);
Задолжителна документација потребна за аплицирање на здруженијата и фондациите:
- Тековна состојба од здруженијата и фондациите (да се регистрирани минимум 1 година до објавуање на Јавниот повик);
- Годишна програма за работа и функционирање на здружението и фондацијата;
- Предлог/проект со кој ќе се развива културниот и опшествениот живот во Општина Свети Николе;
- Извешај за потрошените средства добиени од Општина Свети Николе за претходната година- (наративен и финансиски извештај)- симни образец;.
За Област Манифестации Солгласно член 7 е потребно да се достави следнава документација:
Формулар за аплицирање (кој може да се подигне од веб страната на Општина Свети Николе);
- краток опис на организацијата (за правни субјекти), лична биографија со доказ за постигнувања во областа во која аплицира (за физички лица – не е потребно за МЗ и УЗ),
- доказ за регистрација за вршење на дејност од областа на културата, спортот и др. со седиште на територија на општина Свети Николе (тековна состојба од Централен регистар) (важи само за правни субјекти)
- лична карта/патна исправа, со адреса на територијата на општина Свети Николе (важи само за физички лица)
- Копија од трансакциска сметка
Во чен 5, 6 и член 7 од правилникот се наведени кои трошоци се прифатливи или не за финансирање согласно Овој Правилник.
Крајниот рок за поднесување на пријавите на предлозите е 15 дена од објавувањето на јавниот повик во локалните медиуми, заклучно со 16.10.2024 година, 15:30 часот.
Предлогот со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично во архива на општина Свети Николе на адреса:
Назнака:За Комисија за финансии и локален економски развој
Општина Свети Николе
ул.„Плоштад Илинден“ Бр.12
Свети Николе
На пликот во горниот лев агол треба да стои „Да не се отвора пред официјалното отворање“, а во долниот десен агол За јавен повик Област – (наведи која)
Напомена: Пријавите на предлозите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Комисијата од пристигнатите пријави утврдува ранг листа.
По спроведеното бодување Комисијата изработува записник со прилог утврдена бодовна ранг листа листа кадешто задолжително се наведени насловите на предлозите, заедно со наведени вкупен број на побарани средства и вкупен број на сопствено учество на подносителите на предлози, како и областа на којашто се однесуваат.
Записникот со прилог бодовна листа како и комплетната документација се доставува до Градоначалникот на Општина Свети Николе.
Висината на средствата за секој од подносителите на предлозите кои ги исполниле критериумите од Овој Правилник ја утврдува градоначалникот на предлог на комисијата.
Комисијата својот предлог го заснова на мислење на Секторот за финансиски прашања согласно состојбата и можностите на буџетот.
Градоначалникот изготвува решение за конечната ранг листа во којашто задолжително се наведува износот на одобрените средства, како и во која Нацрт програма ќе биде составен дел (подсметка)
Конечната ранг листа се истакнува јавно на Огласна табла и на Веб страната на Општина Свети Николе.
Одобрените Предлози од страна на Општинските служби се внесуваат во секоја од Нацрт годишните програми на Општината.
По усвојување на Годишните програми од страна на Советот на Општина Свети Николе, Градоначалникот склучува поединечни договори со Примателите на средства.
Против бодовната листа на Комисијата и конечната ранг листа на Градоначалникот нема право на жалба.
Доколку нема доволно средства во рамки на програмите за некои предлози, тие ќе бидат земени во предвид во текот на тековната година без да се објавува нов јавен повик за сите ребаланси кои ќе се прават на програмите во текот на тековната година за којашто се однесува барањето.
Лице за контакт:
Ивица Арсов
Тел: 032 444 169 локал 124
Е- mail:ler@svetinikole.gov.mk
потребни Образци за симнување: