

Согласно Договор за финансиска поддршка од страна на EIT Climate – KIC со наш архивски број 0903-63/6-2 од 08.10.2024 година склучен помеѓу EIT Climate – KIC и Општина Свети Николе како водечки партнер за имплементација на проектот „Лабораторија на отпорност во Свети Николе – Resilience Lab Sveti Nikole“ (ResLabSN – број на проект 240193),
Градоначалникот на Општина Свети Николе објавува
ЈАBЕН ПОВИК
За ангажирање на тренери (обучувачи) за проектот
„Лабораторија на отпорност во Свети Николе“
- Основни информации за проектот
Општина Свети Николе отпочна со реализација на проектот „Лабораторија на отпорност во Свети Николе – Resilience Lab Sveti Nikole“ (ResLabSN – број на проект 240193), финансиски поддржан од EІT Climate КІС во рамки на програмата „Pathways2 Resilience”. Проектот има за цел да изгради системски пристап за развивање на отпорноста, кој вклучува климатска адаптација и адресирање на клучните потреби во заедницата.
Во рамки на проектот, предвидено е ангажирање на професионални тренери кои ќе спроведат обуки за претставници на општинскиот тим и партнерските организации. Целта на обуките е да се обезбеди техничка и методолошка поддршка за изработка на трите клучни документи за климатска отпорност:
- Стратегија за климатска отпорност – Заедничка визија и патеки за адаптација, со стратегија за вклучување на засегнатите страни.
- Акциски план – Детален план за краткорочни и среднорочни активности, со рамка за мониторинг.
- Инвестициски план – Проекти кои можат да се финансираат за спроведување на стратегијата и акцискиот план.
Обуките ќе се реализираат за група од приближно 10 учесници, вклучувајќи претставници од општинската администрација и/или партнерската организација СмартАП. Сесиите може да се спроведат физички (на локација) или онлајн (дигитално), во согласност со договорот со избраниот тренер и потребите на групата. Обуките може да се спорведат на македонски или англиски јазик.
Овие активности ќе придонесат за систематско градење на знаења и вештини, како и за поставување цврсти основи за долгорочна климатска отпорност и развој на поотпорна и инклузивна заедница.
Подетални информации за улогата
Клучни одговорности:
- Дизајнира и реализира програма за градење на капацитети за општинскиот тим и партнер организацијата СмартАП
- Темите на обуката треба да опфатат:
- Климатска адаптација и праведна отпорност
- Акциско планирање и приоретизирање на инвестиции
- Управување и имплементација на адаптациски мерки
- Основи на климатско финансирање
- Мониторинг, евалуација и вклучување на засегнати страни (MEL)
- Во рамките на обуките треба да се предвиди и практична работа со учесниците на трите клучни документи, односно Стратегијата, Акцискиот и Инвестициски план за климатска отпорност. Од тренерот/тренерите ќе се очекува да предвидат доволно време за работа на документите, соодветно потребите на проектниот тим.
Приоритет ќе се даде на програми кои директно придонесуваат кон изработка на Стратегијата за климатска отпорност, како и акцискиот и инвестицискиот план. Сепак, може да се достават и предлози за дополнителни теми релевантни за контекстот.
Испорака:
- План и презентациски материјали (агенда, слајдови)
- Реализирани работилници (онлајн или физички) – согласно селекцијата
- Финален извештај за спроведени обуки
Квалификации:
- Високо образование од областа на животна средина, урбано планирање или сродна дејност
- Листа на спроведени минимум 5 обуки на теми поврзани со климатски акција, одржлив развој, активирање на заедницата и иновации во јавна администрација
- Минимум 5 години искуство во спроведување обуки или градење капацитети
- Искуство во работа со локални власти и/или граѓански организации
- Искуство во работа со одржување на интернационални обуки
- Одлични комуникациски и фасилитаторски вештини
Логистички информации
Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат свое СV и релевантна листа на проекти и спроведени активности со наведена улога и главни одговорности со кои ќе се докажат исполнување на квалификациите од јавниот повик.
Апликацијата потребно е да вклучува:
- CV и релевантна листа на проекти
- Предлог програма за обуки (опфатени теми, јазик, начин на реализација)
- Финансиска понуда за спроведена обука
Дополнителни напомени:
- Една личност може да аплицира со повеќе предлог програми за обука.
- Општината ќе изврши селекција според содржината, квалитетот и релевантноста на предложените програми.
- Од повеќе понудувачи може да бидат избрани различни обуки, во зависност од потребите и достапниот проектен буџет.
- Аплицирање е отворено за поединци со релевантно искуство во спроведување обуки.
- Апликантите не мора да бидат од Северна Македонија – се охрабруваат пријави и од меѓународни кандидати со соодветна експертиза. Соодветно, апликациите може да бидат доставени на македонски или англиски јазик.
Начин и рок на аплицирање
Потребните документи да се достават на електронската емаил адреса на Одделението за локален економски развој и јавни дејности при Општина Свети Николе: ler@svetinikole.gov.mk, со назнака: Апликација за тренер по проект Лабораторија на отпорност во Свети Николе.
По завршување на работните активностите, сите ангажирани тренери треба да достават:
- Финален извештај за спроведените обуки
Краен рок за аплицирање: 24.07.2025, до 15:30 часот.
Исплатата ќе се изврши единствено по добивање на претходна согласност од релевантниот орган – Градоначалник на Општина Свети Николе. Во случај таква согласност да не биде добиена, исплатата нема да се реализира, независно од извршениот ангажман.
Овој оглас е во склоп на проектот „Лабораторија на отпорност во Свети Николе” #Pathways2Resilience кој е финансиран од EIT CLIMAТЕ КІС. Овој проект го спроведува Општина Свети Николе во партнерска соработка со СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.
Application form – Trainer for the project ” Resilience Lab Sveti Nikole ” project – dowload
ЈАBЕН ПОВИК За ангажирање на тренери (обучувачи) за проектот „Лабораторија на отпорност во Свети Николе“ – превземи тука
Формулар за аплицирање – Тренер (обучувач) во проект „Resilience Lab Sveti Nikole“ МКД – превземи тука


#ClimateAdaptation
#ClimateResilience
#EuropeanRegions
#EUMissions
#MissionClimate
#EUClimateAction
#EUGreenDeal